Ракомет

Ива Младеновска потпиша договор со Брест Бретањ од Франција

23.03.2023 11:39

16-годишната Младеновска ќе игра за клуб кој сезонава настапува во Лигата на шампионите, а за Брест Бретањ потпиша 4-годишен договор...

Најталентираната македонска ракометарка, Ива Младеновска кариерата ќе ја продолжи во дресот на Брест Бретањ од Франција. 16-годишната Младеновска ќе игра за клуб кој сезонава настапува во Лигата на шампионите, а за Брест Бретањ потпиша 4-годишен договор. Младеновска ќе ја доврши актуелнава сезона во Металург, по што се сели во еден од најквалитетните француски клубови со кои договори соработка до 2027 година.

Иако има само 16 години таа веќе има настапи и за нашата сениорска репрезентација, а нејзиниот талент го препозна францускиот клуб.