Белгород и Ал-Рајан полуфиналисти
Завршница е од групната фаза на светското клупско првенство во одбојка во Бело Хоризонте. Рускиот Белгород и Ал-Рајан од Катар се првите патници во полуфиналето.

Во А групата Белгород со 3:1 го доби дербито против бразилскиот првак Сада Крузеиро. Матин Варамин од Иран со максимални 3:0 го совлада Гуајандо од Порторико. Во преостанатиот натправар од групата Белгород за противник го има Матин Варамин.Белгород е сигурен победник во групата, на чекор од полуфиналето е Сада Крузеиро.
А група:табела
1.Белгород(Русија) 6
2.Сада Крузеиро(Бразил) 6
3.Матин Варамин(Иран) 3
4.Гуајандо(Порторико) 0
Во Б групата исто така има само уште едно упразнето место за нокаут-фазата.По првите две кола Ал-Рајан е главниот моќник.Не е изненадување! Засилен со неколкумина светски одбојкарски ѕвезди како Бугаринот Казијски, Кубанецот Симон, Бразилецот Рафаел,првакот на Катар со две победи над италијанскиот Трентино во првото коло со 3:2 и во второто со Есперанс од Тунис со 3:0 се избори за место во полуфиналето. Исходот на последните натпревари Ал-Рајан - УПЦН и Трентино-Есперанс ќе го даде завршниот редослед.
Б група:табела
1.Ал-Рајан(Катар) 6
2.УПЦН (Аргентина) 4
3.Трентино(Италија) 2
4.Есперанс(Тунис) 0
