Млади луѓе добија почетен капитал за да ги спроведат идеите и решенијата за заштита на почвата
Последните пет циклуси на програмата „Апшифт“ беа фокусирани на младински решенија за еколошки предизвици и над 250 млади луѓе учествуваа во овие тематски циклуси на „Апшифт“, спроведени со поддршка на Шведска и во партнерство со Фондот за иновации и технолошки развој...

Пет групи составени од млади на возраст од 13 до 19 години добија по 120.000 денари за да ги остварат иновативните решенија за подобрување и заштита на почвените ресурси во заедницата и да се адаптираат на последиците од климатските промени.
Иноваторите беа избрани во рамките на програмата „Апшифт“ (анг. UPSHIFT), во која 10 средношколски тимови од Скопје, Тетово, Кочани, Штип, Делчево, Битола и општина Долнени учествуваа во тридневната работилница за осмислување дизајн. Под водство на менторите и професорите, сите тимови имаа можност да ги развијат идеите и да се стекнат со нови практични вештини.
Последните пет циклуси на програмата „Апшифт“ беа фокусирани на младински решенија за еколошки предизвици, и над 250 млади луѓе учествуваа во овие тематски циклуси на „Апшифт“, спроведени со поддршка на Шведска и во партнерство со Фондот за иновации и технолошки развој.
Програмата ја финансира Шведска, ја спроведуваат УНИЦЕФ и здружението LEAD во партнерство со Фондот за иновации и технолошки развој, а е поддржана од Министерството за животната средина, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Министерство за труд и социјална политика.
