Агелер: Нема доволен напредок во борбата против корупцијата
„Потребна е голема промена во политичката волја. Напредокот во антикорупцијата не е доволен во С. Македонија и во Западен Балкан. Секој од нас којшто е тука присутен мора да биде дел од промената на истото“, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер.

Нема доволен напредок во борбата против корупцијата во Македонија и во Западен Балкан и тоа мора да се мени, вели американската амбасадорка во земјава Агелер.
„Потребна е голема промена во политичката волја. Напредокот во антикорупцијата не е доволен во С. Македонија и во Западен Балкан. Секој од нас којшто е тука присутен мора да биде дел од промената на истото“, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер.
Секој во својот домен да се соочи со одговорност за својата работа, вели вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска. Доброто владеење е клучно за градење на довербата меѓу граѓаните и нивните институции, но и за односите меѓу државите. А пред сè, за постигнување одржлив социо-економски развој, од кој ќе имаат полза сите граѓани од овие простори, истакна вицепремиерката Грковска.
