Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ избришан од Централниот регистар
Вчера од страна на Министерство за правда до Централниот регистар на Република Северна Македонија е доставено Решение за неусогласеност на Здружението културен центар „Иван Михајлов“ Битола согласно член 5 од Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации...

Вчера од страна на Министерство за правда до Централниот регистар на Република Северна Македонија е доставено Решение за неусогласеност на Здружението културен центар „Иван Михајлов“ Битола согласно член 5 од Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, по претходно прибавеното мислење од страна на Комисијата за употреба на имиња на личности, информираат од Централниот регистар.
Централниот регистар по приемот на Решението за неусогласеност, а во врска со член 5 од Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации го избриша здружението од Регистарот на други правни лица.
