Адвокатот на Ставриќ и обвинителството без нови детали за текот на истрагата
Завчера доктор Ставриќ беше приведен од полицијата под сомнение за примање мито од 2.000 евра за посредување за издавање на инвалидска пензија на пациент...

Ополномоштениот адвокат на уапсениот доктор офталмолог не дава повеќе детали и информации дали го посетил докторот во истражниот затвор „Скопје“ и дали дал исказ.
И од обвинителството без повеќе детали за текот на истрагата од веќе обелоденетите.
Завчера доктор Ставриќ беше приведен од полицијата под сомнение за примање мито од 2.000 евра за посредување за издавање на инвалидска пензија на пациент.
Очниот доктор до 1-ви март годинава работеше на клиниката за очни болест. При преглед на пациентот му дијагностицирал болест со која повеќе не е работоспособен.
Му рекол дека може да помогне за инвалидска пензија. При претресот кај докторот била пронајдена и друга медицинска документација.
Полицијата дополнително ќе утврдува дали е поврзана со други незаконски дејствија. Уапсениот офталмолог по клиниката за очни болести, продолжи да работи во приватна поликлиника.
Беше експониран во лекарските протести на крајот на 2012-та годинa.
