Проект

Социјална и образовна инклузија на децата со попреченост – проект „биди ин, биди инклузивен“

23.03.2023 13:38

Децата со попреченост треба да имаат да имаат лесен пристап до училиштата и квалитетна настава. Но ниту училиштата ниту факултетите не се пристапни за лицата со хендикеп и немаат доволно ресурси за настава за лицата со попреченост. Проектот „Биди Ин, биди инклузивен, биди инклудиран“ работи на менување на овие состојби...

Состојбата се подобрува, но треба уште многу да се направи за едукативна и социјална инклузија на нашите деца, вели Зоран Мијалков, татко на два сина со попреченост. Оптимист е дека ќе биде подобро бидејќи новите генерации се поотворени за дружење со децата кои се поинакви.

Сензорните соби во основните училишта се чекор кон поквалитетна настава за децата со попреченост и веќе даваат резултати.

Пристапот до училиштата на децата со физички хендикеп е голем проблем, иста е состојбата и со факултетите.

Проектот „Биди ин, биди инклузивен“ цели кон јакнење на образовната и социјалната инклузија на децата со посебни потреби преку стипендирање и надминување на физичките препреки во училиштата.

 

 

Славица Величковска