Се очекува акција од надлежните за борба против корупцијата
Американската амбасадорка Агелер посочи дека значителните инвестиции во борбата против корупцијата во земјава, не дале соодветни резултати кои треба да ја видат светлината на денот, бидејќи тоа е во најдобар интерес. Граѓаните заслужуваат да имаат институции коишто работат за нив и иднина во којашто владее правото...

Со последниот извештај на Стејт Департментот, САД покажаа дека ги знаат актерите на коруптивните дејствија, но ја очекуваат акцијата на надлежните во земјава. Американската амбасадорка Агелер посочи дека значителните инвестиции во борбата против корупцијата во земјава, не дале соодветни резултати кои треба да ја видат светлината на денот, бидејќи тоа е во најдобар интерес. Граѓаните заслужуваат да имаат институции коишто работат за нив и иднина во којашто владее правото.
„Потребна е голема промена во политичката волја. Напредокот во антикорупцијата не е доволен во С. Македонија и во Западен Балкан. Секој од нас којшто е тука присутен мора да биде дел од промената на истото“, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер.
Вицепремиерката Грковска се надева дека ова ќе биде последна јавна опомена за земјава. Очекува секој да сработи во својата институција и преку конкретни мерки да се подобри состојбата во правосудството, бидејќи тоа е најслабата алка.
„Ако продолжиме да бидеме сведоци на преговарање на вина со криминалци, само заради тоа што некој може да си дозволи да си ја купи слободата, мислам дека ќе продолжиме понатаму со дерогирање на системот“, рече вицепремиерката Грковска.
Грковска е првата потписничка на Декларацијата на регионалниот форум на жени-лидери за добро владеење и антикорупција, на чија иницијатива се формираше вмрежувањето.
Фиљана Кока
