Шарл Мишел верува во соработката на ЕУ и ОН
Лидерите на ЕУ го поддржаа договорот за испраќање во Украина 1 милион куршуми артилериски гранати во следните 12 месеци...

Лидерите на ЕУ го поддржаа договорот за испраќање во Украина 1 милион куршуми артилериски гранати во следните 12 месеци. Брзата процедура беше усвоена за време на состанокот на министрите за надворешни работи и за одбрана претходно неделава. Лидерите треба да му дадат политички благослов.
„Она што е критично е брзо испраќање муниција во Украина, бидејќи тоа може да донесе промена во оваа војна. Но, ние исто така треба да ги надополниме нашите залихи, значи, она што треба да биде прво, мислам дека испраќање оружје и муниција во Украина и после тоа, надополнување на нашите резерви.“, изјави Каја Калас – премиерка на Естонија.
Претседателот на европскиот совет, Мишел, на отворањето на самитот рече дека ЕУ и он имаат многу заедничко и дека верува во соработка. Шефот за надворешна политика на ЕУ, Борел, рече дека добил одобрение за неговиот предлог да обезбеди 1 милијарда евра за да ги охрабри земјите-членки да обезбедат артилериски гранати од нивните залихи.
„Јас имав задача да го спроведам овој предлог, шансата и честа да им го претставиме на лидерите нашиот предлог за обезбедување муниција на Украина“, рече Жозеп Борел - висок претставник на ЕУ.
Минатиот месец, унгарскиот премиер Орбан рече дека блокот е делумно виновен за продолжувањето на руската војна во Украина, со санкционирање на Русија и снабдување на Украина со пари и оружје, наместо да се обидува да преговара за мир со Москва.
Марина Ристова
