Од сабота повторно започнува железничката врска Белград- Скопје- Солун

08.05.2014 12:44

Цената во еден правец Скопје- Солун е 12,2 евра, а повратниот билет ќе чини 19,50 евра.

Од сабота повторно ќе биде воспоставена железничката врска меѓу Солун, Скопје и Белград, со грчкиот патнички воз „Хелас”.  

Цената во еден правец Скопје- Солун е 12,2 евра, а повратниот билет ќе чини 19,50 евра. Од 10 мај до 10 јуни за сите патници следува попуст од 30 отсто на овие цени.

Возот од Скопје за Солун ќе поаѓа во 5:15 часот наутро, а во Солун ќе пристигнува во 11:16 часот локално време.

Возот од Солун за Скопје ќе продолжува кон Белград и во српската метропола би бил во раните утрински часови, а оттаму според возниот ред ќе тргнува во 18 часот и 45 минути.

Во летниот период ќе сообраќаат и вагони за превоз на автомобили помеѓу Белград и Солун, а постои интерес и за повторно воведување на директни вагони помеѓу Солун и главните градови на Чешка, Словачка и Русија.

Првата јавна железница во Македонија сообраќаше токму на линијата Скопје – Солун од 9 август 1873 година.