Битола
По примена инфузија, вчера почина шестгодишно девојче во Битола
23.03.2023 17:22
Во Битолската клиничка болница вчера починала 6-годишната Јана Христовска од битолското село Кравари …

Откако претходно примила инфузија на Одделението за педијатрија во клиничката болница во Битола, починало шестгодишно девојче од битолското село Кравари. Семејството вели дека детето претходно немало здравствени проблеми и се сомневаат на лекарска грешка со гликозата во инфузијата иако при прегледот на крвната слика шеќерот бил висок.
Дека девојчето починало вчера во 15.30 часот на Одделението за интензивна нега, потврдуваат и од Управата на болницата и од битолската полиција. Врз телото на починатото девојче е направена обдукција и се чекаат резултатите да се утврдат причините за смртта.
