Ракомет
СЕХА лигата добива на квалитет и сила
08.05.2014 12:51
Покрај Веспрем унгарскиот супер тим респектабилен во ракометна Европа, СЕХА друштвото го засилува и ПИК Сегед.

Вториот унгарски претставник, кој од вгодина ќе партиципира на регионално ракометно ниво, поканата од ракометното СЕХА раководство, останува само и официјално да ја прифати и потврди.
Условно, ”леснотијата“ со која во првата сезона се стигнуваше до борбата за врвот, веќе од сезона во сезона конкуренцијата и сериозноста на пристапот кон ова натпреварување се зголемува. Така сега, нашите два претставника Вардар и Металург ќе имаа сериозна задача кон, пласманот во завршницата и освојувањето на регионалниот ракометен врв.
