Собрание
Седница за Буџетски совет на Р.С.Македонија
24.03.2023 08:29
Буџетскиот совет на Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе одржи седница...

Буџетскиот совет на Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе одржи седница.
На дневен ред на седницата се Предлог-одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на собраниските службеници, Предлог-одлуката за начинот на утврдување на платите на вработените во Службата на Собранието на Република Северна Македонија кои вршат помошно-технички работи и немаат статус на административни службеници, како и Предлог-одлуката за начинот на функционирање и обезбедување на средства за остварување на контакти на пратениците со граѓаните
