„Simply art“ од Хонгконг добитник на гран при наградата на „Мал битолски Монмартр“
Највисокото признание на овогодишниот „Мал битолски Монмартр“ се доделува на ученици од ликовното студио „Simply Art“ од Хонгконг...

Највисокото признание на овогодишниот „Мал битолски Монмартр“ се доделува на ученици од ликовното студио „Simply Art“ од Хонгконг.
Почесната награда „Проф. Коста Хаџи – Антоновски“, што се доделува за значаен придонес во светската промоција на детското сликарство и промоција на младите ликовни уметници и таленти, се доделува на градот Чигасаки Канагава од Јапонија, почесната награда „Проф. Светлана Вешиќ – Ралевиќ“, што се доделува за прв пат за најдобар педагошки пристап на светско ниво во работата со младите ликовни уметници и таленти ја добива ликовниот педагог Вејсел Аџар од Трабзон, Турција. Почесната награда за животно дело „Проф. Д – р Богомил Карлаварис“, на ликовниот педагог Киран Кансара од Вадодара, Индија.
Колонијата ќе се одржи во Битола од 23 до 30 мај, ќе учествуваат 44.000 детски цртежи од 71 држава.
