Вработен на бензинска спречил грабеж

08.05.2014 12:59

Тие со нож и секира му се заканиле на вработениот, но тој им се спротивставил, по што крадците избегале...

Две маскирани лица рано изутрината околу 03:00 часот се обиделе да ја ограбата бензинската пумпа на „Макпетрол“ на автопатот Скопје-Гевгелија, во близина на велешкото село Башино, соопштуваат од МВР.
 
Тие со нож и секира му се заканиле на вработениот, но тој им се спротивставил, по што крадците избегале. 
 
По преземени мерки во Полициска станица Велес е задржан велешанецот Л.Т.(20), а се преземаат мерки за пронаоѓање и на другото лице.