Македонија

Вонреден инспекциски надзор во битолската болница, откако почина шестгодишно девојче

24.03.2023 09:40

Се испитува како било лекувано шестгодишното девојче, и од што починало. Родителите се сомневаат на лекарска грешка...

Вонреден инспекциски надзор во битолската болница. Се испитува како било лекувано шестгодишното девојче, и од што починало. Родителите се сомневаат на лекарска грешка.

Шестгодишното девојче од битолското село Кравари, завчера изутрина било донесено на одделот за педијатрија, дехидрирано и со симптоми на настинка, температура и повраќање. Додека се чекале резултатите од крвната анализа, на девојчето му била приклучена инфузија, но состојбата се влошила драстично. Лекарите го реанимирале, но не успеале да го спасат.

Семејството вели дека детето претходно немало здравствени проблеми и се сомневаат на лекарска грешка со гликозата во инфузијата, бидејќи при прегледот на крвната слика шеќерот бил висок.

Врз телото на починатото девојче е направена обдукција и се чекаат резултатите за да се утврдат причините за смртта.