Кошарка
Кливленд Кавалирс направи голем пресврт со победа над Бруклин Нест
24.03.2023 10:00
Со тројката на Окор на една секунда до крајот, Кливленд Кавалирс направи голем пресврт и победи на гостувањето кај Бруклин Нест со 114-116...

Вчера се одиграа четири натпревари во НБА, меѓутоа најинтересен беше натпреварот со Бруклин заврши со пораз.
Со тројката на Окор на една секунда до крајот, Кливленд Кавалирс направи голем пресврт и победи на гостувањето кај Бруклин Нест со 114-116 во дерби натпреварот од Источната конференција на НБА лигата.
На две минути до крајот, Бруклин имаше осум поени предност (112:104), но тогаш на сцена стапија Леверт, кој даде четири, и Донован Мичел, кој постигна пет поени, и го донесоа Кливленд на минус еден на 11 секунди до крајот.
