Украинските трупи најавуваат противофанзива
Украинските трупи, кои со месеци беа во дефанзива, најавуваат дека наскоро ќе почнат со контранапад, бидејќи се чини дека руската офанзива слабее...

Украинските трупи, кои со месеци беа во дефанзива, најавуваат дека наскоро ќе почнат со контранапад, бидејќи се чини дека руската офанзива слабее. Украинската војска објави дека во изминатите 24 часа русите лансирале неуспешни напади во правецот на Лиман, Авдивка, Маринка и Шахтарске, но главниот фокус останува Бахмут.
Руските сили со месеци неуспешно се обидуваат да го освојат Бахмут и да ги принудат украинците на повлекување. Во меѓувреме, претседателката на европската комисија, Фон дер Лајен најави дека Европска унија ќе организира конференција за враќање на украинските деца, кои беа однесени во Русија за време на војната.
