Франција

Милионски протест во Франција

24.03.2023 10:01

Расте гневот на демонстрантите во Франција. Во Бордо гореше зградата на Градското собрание...

Расте гневот на демонстрантите во Франција. Во Бордо гореше зградата на Градското собрание. Значително поголем број луѓе од претходно протестираа против владината пензиска реформа. На протести се собраа над еден милион луѓе.

Во Париз главно беа мирни, но имало и инциденти кога група демонстранти кршеле излози, фрлале петарди на полицијата и палеле отпад.

Судири избувнаа кога полицијата реагираше со солзавец. Приведени биле над 20 луѓе.