Сирија
Воздушни напади по нападот на американска база
24.03.2023 10:04
Американската армија изврши повеќе воздушни напади во Сирија врз цели на милитантни групи поддржани од Иран...

Американската армија изврши повеќе воздушни напади во Сирија врз цели на милитантни групи поддржани од Иран.
Белата куќа објави дека тоа било одмазда за претходен напад со беспилотно летало, во кој загина еден, а повредени се неколку припадници на американскиот персонал во воена база.
Според разузнавачките информации, постои сомневање дека нападот е извршен со беспилотно летало од иранско потекло, што може дополнително да ги влоши и односите меѓу Вашингтон и Техеран.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин истакна дека одмаздничките напади биле извршени по наредба на претседателот Бајден.
