Провалил во берберница, ограбил банкомат

08.05.2014 13:01

Материјалната штета дополнително ќе биде утврдена...

Непознат сторител вчера во Струга провалик во берберница на улицата „ЈНА“ каде бил сместен банкомат на Стопанска банка.

Со употреба на погоден предмет ја отворил влезната врата од берберницата, а потоа го отворил банкоматот од каде одзел три касети со пари во апоени од 500 и 1.000 денари, соопштуваат од МВР.

На местото на настанот е извршен увид, а материјалната штета дополнително ќе биде утврдена.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за откривање на сторителот.