Турција

Пожар во хотел во Истанбул

24.03.2023 11:04

Две лица загинаа, а уште две се повредени во пожар што рано утринава избувна во седумкатен хотел во Истанбул...

Две лица загинаа, а уште две се повредени во пожар што рано утринава избувна во седумкатен хотел во Истанбул.

Причината за пожарот засега не е позната, а пожарот за кратко време го зафатил целиот хотел, јавува ТВ Хабертурк.

На местото на пожарот излегле голем број противпожарни, медицински и полициски екипи.