Европски совет
Усвоен заклучокот за дијалогот Белград – Приштина
24.03.2023 11:16
Лидерите на Европска унија го поздравија договорот за патот кон нормализација на односите постигнат од Белград и Приштина...

Лидерите на Европска унија го поздравија договорот за патот кон нормализација на односите постигнат од Белград и Приштина, како и анексот за имплементација, постигнат преку дијалогот што го водеше високиот претставник на ЕУ.
Во заклучоците по средбата е наведено дека договорот е постигнат како составен дел од нивниот европски пат. Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Борел рече дека документот ќе биде дел од преговарачките поглавја на ЕУ со Србија, и дел од условите што треба да ги исполни Приштина.
