Победа за македонските фудбалери на стартот на квалификациите за ЕУРО 2024

24.03.2023 09:19

Стрелец на првиот гол беше Елиф Елмас во 66-та минута, Дарко Чурлинов во 72-ра минута зголеми на 2:0. За гостите погоди Јанкам Јаник во 86-та минута.

Со победа од 2:1 над Малта и посакувани три бода за македонската фудбалска репрезентација, стартуваа квалификациите за Европското првенство 2024.

Стрелец на првиот гол беше Елиф Елмас во 66-та минута, Дарко Чурлинов во 72-ра минута зголеми на 2:0. За гостите погоди Јанкам Јаник во 86-та минута.

Во 60-та минута беше покажан пенал за „црвено-жолтите“, но по интервенција на ВАР, судијата ја поништи својата првична одлука и му покажа жолт картон на Бојан Миовски за симулирање.

Селекторот Благоја Милевски, пак, во судиското надополнување доби црвен картон поради приговор кон судиите.

 

*Фото/ Извор: МИА