Кинотека

Промоција на автобиографската книга на режисерот Луис Буњуел

24.03.2023 11:42

Се работи за книга на еден од најзначајните режисери во историјата на филмската уметност, напишана пред самиот крај на неговиот живот, во Мексико, со помош на францускиот писател и сценарист Жан Клод Кариер, негов постојан соработник, косценарист на сите филмови од последната „француска“ етапа во кариерата.

Кинотеката на Северна Македонија во среда, на 29 март, во 12 часот ќе го промовира своето  најново печатено издание, автобиографијата на големиот шпански режисер Луис Буњуел, со наслов „Мојот последен здив“, со  што ова значајно дело конечно ќе стане достапно на македонски јазик.

Издавањето на книгата е овозможено благодарение на Шпанската агенција за меѓународна соработка и развој (AECID) и Амбасадата на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија.

Се работи за книга на еден од најзначајните режисери во историјата на филмската уметност, напишана пред самиот крај на неговиот живот, во Мексико, со помош на францускиот писател и сценарист Жан Клод Кариер, негов постојан соработник, косценарист на сите филмови од последната „француска“ етапа во кариерата.

Книгата ќе ја промовираат историчарот на уметност и заменик-амбасадор во Шпанската амбасада во Скопје- Ернесто Ередеро дел Кампо, проф. д-р Иван Џепаровски од Филозофскиот факултет при УКИМ и доц. д-р Атанас Чупоски, советник филмолог во Кинотеката и проферсот на Факултетот за филмски уметности при Универзитетот Еуропа Прима, кој е воедно и автор на предговорот.