Центарот за нега во Општина Кисела Вода почна со работа
Почна со работа нега центарот во Општина Кисела Вода. Услугата ќе биде достапна за околу 40 корисници кои се стари лица и лица со намален функционален капацитет и попреченост, а ќе добиваат нега и грижа во нивниот дом од 20 лиценцирани негуватели...

20 лиценцирани и професионални негуватели ќе се грижат за лицата над 65 години, и за оние со намален капацитет и попреченост од Општина Кисела Вода, наместо во установа, потребната нега и грижа ќе ја добиваат во нивното живеалиште.
Сигналите од терен ќе ни укажуваат дали се потребни дополнителни услуги за сервисот да биде унапреден, велат од Црвениот крст. Целта е на територијата на град Скопје во секоја општина да има ваков центар за нега.
Во Општина Кисела Вода е отворен и клуб за деца со церебрална парализа, а функционира и дневен центар за окупациона терапија за лица со попреченост над 18 години.
Александра Спировска
