Ковачевски: Бугарија да ги почитува пресудите од Стразбур за здружувањето на Македонците
Постојат пресуди на Судот на човекови права, кои Бугарија ги нема спорведено. Ги повикувам бугарските власти – и тие да постапат бидејќи станува збор за земја- членка на ЕУ, нагласи премиерот Ковачевски...

Премиерот Ковачевски ја повика официјална Софија, како членка на Европската унија да ги спроведе пресудите од Стразбур за регистрација на партиите и организациите на Македонците во Бугарија. Побара да бидат почитувани сите права на секој поединец кој се самоопределува различно.
„Постојат пресуди на Судот на човекови права, кои Бугарија ги нема спорведено. Ги повикувам бугарските власти – и тие да постапат бидејќи станува збор за земја- членка на ЕУ. И тие луѓе што се граѓани на Бугарија и се самоопределуваат како Македонци се граѓани на ЕУ. Уште еден повик да бидат почитувани сите права, исто како што се почитуваат кај нас на сите што се самоопределуваат поинаку од Македонците“, рече премиерот Ковачевски.
Премиерот нагласи дека во соседна Бугарија треба да се случува она што се случува во Македонија, каде што се почитуваат правата на сите малцинства.
