Ревизија Скопје 2014
На вајари им се исплаќале големи суми, без општината да добие детален опис на што се потрошени парите. Во полна сума се плаќале и релејефи кои како финална верзија биле помали од првично договорените. Ова се дел од наводите во вториот ревизорски извештај за проектот Скопје 2014, нарачан од општина Центар.

-Посочените незаконитости во постапките за јавни набавки резултираат со штета по Буџетот на општина Центар во износ од околу 8 милиони евра, само по основ на изработка на спомениците, реле Драган Малиновски, член на ревизорската комисија.
Извештајот покажува и дека на тендерите се фаворизирале две италијански копмании, кои иако нуделе десетици проценти повисоки суми, ја добивале работата откако конкуренцијата била исклучена поради нецелосна документација, често од банални причини, стои во извештајот.
-Овој извештај оди во обвинителството, сакам да ги слушнам нивните наоди, за понатаму да видиме како ќе постапиме. Не исклучувам ниту една можност, но ова претставува извонреден тест да видиме македонското судство како работи – изјави градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во конкретниот проект сите закони се максимално испочитувани, и бараат Жерновски ако има докази веднаш да поднесе кривична пријава против оние за кои смета дека се најодговорни. Заев и Шекеринска наместо да се кријат зад сооштенија и комисии и да се расфрлаат со паушални проценки за наводно не почитување на законите нека се обратат до институциите и достават докази со покритие, а не да тераат политичка кампања, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Анита Димитријевска