Мицкоски: Има притисоци за менување на Уставот
Мицкоски останува на кажаното дека уставни измени под бугарски диктат нема да има, и дека овој пратенички состав нема мандат добиен од граѓаните да учествува во таков процес.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потврдува дека притисоци за менување на Уставот има, но како што вели ќе им одолее. Мицкоски останува на кажаното дека уставни измени под бугарски диктат нема да има, и дека овој пратенички состав нема мандат добиен од граѓаните да учествува во таков процес.
„Притисоците ќе продолжат, нема да престанат. Ако мислите дека ќе се откажат, нема да се откажат. Овие од владата бараат да се прават притисоци, јас немам проблем да ги истрпам тие притисоци. Тие се тука и ќе постојат, јас нема проблем со тоа. Јас лично ни милиметар нема да се поместам и ќе ги истрпам притисоците од каде и да доаѓаат. Верувајте, не се пријатни“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој нагласи после ова „или ќе нè биде, или нема никогаш да нè биде“.
