Регион

24 години од бомбардирањето на НАТО

24.03.2023 14:05

Србија одбележува 24 години од бомбардирањето на НАТО на тогашна Сојузна Република Југославија...

Србија одбележува 24 години од бомбардирањето на НАТО на тогашна Сојузна Република Југославија. Во воздушните напади на 24-ти март 1999 година учествуваа 19 западни земји, а акциите од воздух траеја 78 дена и беа изведени без одобрување од Советот за безбедност при Обединетите нации.

Според српското Министерство за одбрана, во НАТО нападите загинале 1.031 припадник на армијата и полицијата и околу 2.500 цивили. Меѓу нив 89 деца. Оштетена беше инфраструктурата во земјата, индустриски капацитети, здравствени установи, воени и медиумски објекти.