мвр
Поскапува вадењето лични документи
24.03.2023 17:59
Причина за корекциите е поскапувањето на увезените обрасци, набавката на нови машини и зголемените трошоци за одржување на системот...

Поскапува вадењето лични документи. Почната е постапка за измена на цените. За лична карта ќе се плаќа 310 денари, за возачка дозвола 410 денари. Цената на пасош за лице до 27 години останува 1.500 денари, но над оваа возраст ќе се плаќа 2.000 денари.
Пасош по итна постапка ќе се вади за 6.100 денари, а возачка по брза постапка за 1.230 денари.
Причина за корекциите е поскапувањето на увезените обрасци, набавката на нови машини и зголемените трошоци за одржување на системот. Новите цени ќе важат откако одлуката ќе биде објавена во Службен весник.
