Токсикологија
Битолчанец отруен со корозивно средство
24.03.2023 18:13
Од Токсикологија велат дека неговата здравствена состојба сега е стабилна, но има оштетувања на органи, на хранопроводот и желудникот...

42-годишник од Битола е примен на Токсикологија. Тој седнал во угостителски објекти во градот, нарачал кафе и флаширана вода. Но, добил корозивно средство.
Од Токсикологија велат дека неговата здравствена состојба сега е стабилна, но има оштетувања на органи, на хранопроводот и желудникот.
Случајот во вторникот бил пријавен во полиција.
