Апелација: 9 години затвор за Груевски
Судот ја уважи жалбата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, бидејќи Првостепениот суд недоволно ги ценел отежителните околности...

Скопска апелација донесе пресуда за случајот „Плацеви на Водно“. Поранешниот премиер Никола Груевски, наместо 7, треба да одлежи 9 години затвор. Судот ја уважи жалбата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, бидејќи Првостепениот суд недоволно ги ценел отежителните околности.
За неговиот братучед Сашо Мијалков, Апелација пресуди условна казна наместо ефективна затворска казна од една година и три месеци, како што пресуди Основниот суд. Потврдена е одлуката за конфискација на имот од 3 милиони евра.
За овој случај беше изречена затворска казна за бизнисменот Камчев од една година, а со условни поминаа Ненад Јосифовиќ и кумот на Груевски, Ристо Новачевски.
