Битола: „Стрежево“ со доволно вода
„ХМС Стрежево“ одамна не памети во пресрет на наводнувачката сезона да се бори за секоја капка вода. Без последните врнежи на дожд и снег постоеше реална опасност полињата да останат жедни...

Поволната хидролошка состојба од последниве месеци, ја врати одамна изгубената надеж на пелагониските земјоделци дека летово ќе имаат можност кога сакаат да ги наводнуваат своите полиња.
Веќе акомулираните околу 60 милиони метри кубни вода, или половината од капацитетот на стржевската акумулација сеуште не нудат целосна комоција. Но, влеваат сериозен оптимизам затоа што количините на влез во акумулацијата понатаму се на завидно ниво.
„Дневниот прилив варира и зависи од тоа дали доаѓа од топењето на снегот или од постојаните врнежи на дожд. Просечниот дневен прилив во акумулацијата се движи од 600.000 до еден милион метри кубни вода. До крајот на месецов очекуваме нивото да ја достигне скалата од 70 милони метри акумулирана вода“, вели директорот на „ХМС Стрежево“, Маријан Геровски.
Во прилог оди и тоа што пелагониската почва има впиено доволни количини на влага. Наврнатите окулу 150 литри дожд на метар квадратен се сосема доволни за есенските посеви како и задоволување на потрбите за веќе задоцнетата пролетна сеидба, велат земјоделските експерти.
„Сметаме дека оваа влага во почвата е сосема доволна за нормална вегетација на посевите. Што се однесува до еснските културиова наводнување не им е потребно се до жетвата за која мислам дека годинава ќе биде една од најберикетните“, вели Михајло Илиевски, агроном инжењер- задолжен за помош на индивидуалниот сектор.
Со ова ќе се овозможи и во следнитот перид количините на влез да бидат поголеми од дневната испорака за индустријата и граѓанството.
Очекувањата се дека до почетокот на наводнувачката сезона нивото во акумулацијата ќе се искачи на над 70 милиони метри кубни вода. За да нема поголеми ресрикциии од „Стрежево“ најавија позасилени контроли кон земјоделците- нелегални корисници на вода.
Сепак за главоболките да бидат помалим, најважно е да проработи свеста на сите корисници и да се штеди секоја капка од драгоцената течност.
Стевче Митревски
