Светски ден на борба со туберколозата, вакцинацијата и раното откривање клучни за успехот
Во болницата Козле се лекуваат шест дечиња од туберкулоза. Здравствената состојба им е стабилна. На Светскиот ден на борбата со оваа болест, констатирано дека бројот на случаи континуирано опаѓа, но треба да се внимава – вакцинацијата и раното откривање посочени како клучни...

Шест деца болни од туберкулоза се лекуваат во детската болница во Козле, а 11 возрасни на Институтот за белодробни заболувања – сите се во стабилна состојба. Инфекцијата во земјава бележи пад на бројот на новозаболени, но тоа се должи на слабата превентива поради ковид пандемијата – велат лекарите. Неодамна на детската клиника деветмесечно бебе почина од туберкулоза. Вакцинацијата и раното откривање на болеста се клучни во превенцијата.
За да може повторно да се воспостави контрола врз туберкулозата како пред пандемијата потребни се повеќе финансии, мултисекторски пристап, но и кампањи – велат лекарите. Бездомниците, луѓето со ХИВ, лицата во затворите и тие што живеат во затворени колективи како прифатилишта имаат зголемен ризик да заболат.
Секој ден повеќе од четири илјади луѓе во светот умираат како последица на туберкулоза, а дневно заболуваат околу 30 илјади – се смета за една од најсмртоносните инфекции во светот.
Андријана Ѓурческа
