Граѓаните сакаат детални информации за финансиите и пензиските фондови
Пензиските фондови во земјава се стабилни и високо котираат во регионални и европски рамки, упатуваат експертите и од пензионерските друштва. Граѓаните сакаат детална информираност што со нивните пари за црни денови. Што покажува реалноста?...

Прв, втор, трет пензиски столб, три задолжителни пензионерски друштва. Се плаќа пензиско, стигнуваат писма со информации, ама граѓаните сè уште не знаат каде одат нивните, како што велат, бели пари за црни денови.
Двата столба се задолжителни, добро функционираат, нудат сигурност, велат финансиските експерти и од пензиските друштва. Но, третиот, доброволен столб кој значи дополнителна заштеда и можност за инвестирање, е непознаница. Западот има долгогодишно искуство, а македонското тло има традиционализам и скептичност. Останува довербата во банките и класичното штедење, а котира и животното осигурување.
Од пензиските друштва за детални информации упатуваат на агенцијата МАПАС, а граѓаните сакаат некој едноставно, детално да им објасни што со нивните пари за црни денови.
Елизабета Митревска
