Руско-Украински конфликт

Киев најавува контраофанзива

25.03.2023 09:04

Киев најави дека наскоро ќе почне контраофанзива, а Москва употреба на секакво оружје во одбрана на Крим...

Киев најави дека наскоро ќе почне контраофанзива, а Москва употреба на секакво оружје во одбрана на Крим. Русија предупредува на потенцијален нуклеарен судир доколку Велика Британија и испрати на Украина муниција со осиромашен ураниум. Изјавата на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу е реакција на најавата на Лондон дека ќе го снабдува Киев со ваква муниција.

Претходно портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Захарова го нарече британскиот план „југословенско сценарио“, велејќи дека муницијата предизвикала рак и ѝ штетела на животната средина.