САД

Можно апсење на Трамп, полицијата се подготвува за протести

25.03.2023 09:12

Официјални лица во Њујорк и Вашингтон преземаат безбедносни мерки на претпазливост во случај потенцијалното обвинение против поранешниот претседател Доналд Трамп да доведе до масовни протести...

Официјални лица во Њујорк и Вашингтон преземаат безбедносни мерки на претпазливост во случај потенцијалното обвинение против поранешниот претседател Доналд Трамп да доведе до масовни протести.

Во Њујорк, каде што се состанува големата порота како дел од истрагата за наводната улога на Трамп во исплатата на тајните пари на порно актерката Сторми Даниелс, се очекува сите полицајци во градот да бидат во униформа и подготвени да се распоредат.