Авганистан

Земјотрес со јачина од 6,5 Рихтери во северниот дел на Авганистан

25.03.2023 09:19

Земјотрес од 6,5 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Авганистан. Засега нема информации за штети или жртви...

Земјотрес од 6,5 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Авганистан. Засега нема информации за штети или жртви.

Големи делови од Јужна Азија се сеизмички активни бидејќи тектонската плоча позната како индиска се турка со евроазиската. Во ланскиот земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер, во источен Авганистан загинаа повеќе од илјада луѓе.