МВР

247 санкционирани возачи во Скопје

25.03.2023 09:42

На територија на град Скопје изречени се вкупно 247 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за непрописно престројување на возила...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден, продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 247 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за непрописно престројување на возила.

Изречени се седум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за некористење сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитувааат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.