Унгер: Да се почитуваат европските начела за толеранција
Толеранцијата е показател за тоа како живеете заедно. Вие ме прашавте за случајот со Македонија. Вашиот случај е мошне комплициран, бидејќи сметам дека постои големо недоразбирање и многу често не е голема помош кога се споменуваат работи од историјата, вели претседателот на Европската Академија на науки...

За Европската академија на науките и уметностите, државава го има само уставното име Република Македонија. Да се почитуваат европските начела за толеранција, порачуваат претседателите на европската и на македонската научна елита – Феликс Унгер и Владо Камбовски.
„Можам да кажам дека е потребна толеранција. Толеранцијата е показател за тоа како живеете заедно. Вие ме прашавте за случајот со Македонија. Вашиот случај е мошне комплициран, бидејќи сметам дека постои големо недоразбирање и многу често не е голема помош кога се споменуваат работи од историјата. Кога зборуваме за Европа, за максималната слобода, кога зборуваме за нетолеранцијата и за човековите права, тогаш мора да погледнеме во иднината, а од мојата перспектива тие нешта не може да живеат заедно на ист простор. Балканот е мошне тешко место со целата своја историја, но исто така може да биде и прекрасно место за живеење кога ја гледате сета таа историја. Значи да ви одговорам на прашањето, јас ја поддржувам иднината, а тоа значи дека нема место за нетолеранција“, објаснува Унгер.
Кај нас во Европската Академија, кога ја гледате листата на кандидати таму пишува само Македонија. Денеска имав добар разговор со претседателот на Македонската академија на науките, и нашата соработка ја ословуваме само со Македонија. Кога е некој официјално поканет, како што беше случајот со претседателот Иванов пред две години, секако поканата беше потпишана со Претседател на Република Македонија, истакна претседателот на Европската академија, Феликс Унгер.
