Децата со попреченост се вклучуваат во редовната настава со лични асистенти
Во Македонија 700 ученици со попреченост се инклузирани во редовната настава. Училиштето „Маца Овчарова“ од Велес е едно од петте во земјава кое е ресурсен центар, тоа одбележа 50 години постоење...

Училиштето за деца со попреченост „Маца Овчарова“, од Велес, две години е ресурсен центар. Покрај основната дејност, образование и воспитување, дополнителна дејност е едукација и третман на образовни асистенти. Со ова во пракса се применува одлуката за нивна целосна вклученост во образовниот систем. Децата посетуваат тандем настава во редовните училишта, покрај редовниот наставник, добиваат и образовен асистент.
Училиштето „Маца Овчарова“, води грижа за 95 ученика со посебни потреби, во 31 редовно основно училиште, од 11 општини во повардарјето и централниот дел на источна Македонија. Дел од учениците со попреченост добиваат, логопедски третман, сензорна терапија бесплатно.
Во Велес во основното образование има 25 ученици со попреченост, со 20 асистенти а во школото настава посетуваат 47 деца, од нив 12 се со интернатски престој. Во Македонија има вкупно 700 ученици со посебни потреби кои посетуваат настава во редовните основни училишта.
„Маца Овчарова неодамна одбележа златен јубилеј, 50 години постоење и е едно од петте основни училишта за деца со попреченост во Македонија.
Петар Печков
