Домот за стари во Кочани сè уште е само проект на хартија
Проектиран пред осум години, не се знае кога ќе се изгради домот за стари лица во Кочани. Изградбата која требаше да започне минатата година е одложена заради тоа што општината не го прифати владиниот предлог да го измени проектот и да го намали капацитетот на домот. Населението старее, младите се иселуваат, потребата од вакви домови е голема...

Домот за стари лица во Кочани, сè уште е само проект на хартија. Проектиран како најголем во источниот регион, со капацитет за 150 лица, најмодерен во државата и со обезбедена локација, ќе чека подобри времиња, вели градоначалникот.
Изградбата чини околу два ипол милиони евра, но за да почне финансирањето од државата, општината беше условена да изработи нов проект со капацитет за само педесет лица, младите се иселуваат, старите живеат сами. Потреба од домови има во секој град.
Во источниот регион каде живеат 150 илјади жители има само еден дом за стари во Берово со капацитет за 39 лица. Домот за стари во Штип осум години стои недоизграден заради нерешен статус, а сè уште недоизграден е домот за стари во Пробиштип.
Славица Величковска
