Франција
Макрон повторно предизвика гнев кај французите
25.03.2023 12:24
Францускиот претседател Макрон повторно предизвика гнев во јавноста, откако за време на телевизиска дебата, кришум под масата го извади скапоцениот часовник...

Францускиот претседател Макрон повторно предизвика гнев во јавноста, откако за време на телевизиска дебата, кришум под масата го извади скапоцениот часовник додека зборуваше за минималната плата за работниците во земјата.
Елисејската палата тврди дека претседателот со него тропал по масата и правел бучава која пречела на телевизискиот пренос. Пензиската реформа што се обидува да ја протурка власта, предизвика масовни протести.
