МВР

МВР: Се обезбедуваат докази за евентуална вмешаност и на вработени од затворот во случајот со подземниот тунел

25.03.2023 12:57

Во тек се опсежни истражни мерки и се обезбедуваат докази пошто треба да утврдат дали има евентуална вмешаност и на вработени од затворот во случајот подземен тунел и планирано бегство на затвореници, посочува министерот Спасовски. Вели Министерството за внатрешни работи повеќе од два месеци имало сознанија за потегот на осудените за сериозни кривични дела, одговорност ќе има за секој, уверуваат од МВР...

Министерството за внатрешни работи два месеци имало сознание дека осуденици за сериозни кривични дела копале подземен тунел и планирале бегство од затворот Идризово.

Министерот Спасовски, посочи дека во тек се опсежни истражни мерки и се обезбедуваат докази, кои треба да утврдат дали има евентуална вмешаност и на вработени од затворот.Одговорност вели ќе има за секој кој сторил кривично дело.

Спасовски открива дека има нови детали во случајот со исчезнувањето на Самоил Костадиновски, на кој пред повеќе од 20 дена му се губи секаква трага, но за да не и се наштети на истрагата не открива повеќе информации.

МВР приведе две лица за кои има сомнение дека се учесници во киднапирањето на Самоил Костадиновски. На барање на обвинителството им е одреден притвор, неговото семејството нуди и парична награда за информација во врска со исчезнувањето, на 4-ти март во СВР Скопје неговиот брат пријавил дека тој е исчезнат.

 

 

Викторија Милевска