Иницијатива

Поттикнување на претприемачкиот дух кај младите во Општина Могила

25.03.2023 15:40

Здружението за меѓународна младинска соработка „Интерактив“ од Битола, во изминативе шест месеци ја реализираше иновативната иницијатива „Поттикнување на претприемачкиот дух кај младите во Општина Могила“, ова е дел од еден поголем проект именуван како „Поддршка на изборни реформи на Владата од Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи-ИФЕС...

Во рамките на иницијативата „Поттикнување на претприемачкиот дух кај младите во Општина Битола“, изминативе шест месеци организирани се бројни настани и активности со цел да се мобилизира заедницата во Општина Могила и да се поттикне поголем ангажман на младите луѓе во процесот на донесување одлуки.

По направената анализа и добиените резултати организирани се обуки за претприемништво, граѓански активизам како и пишување ЦВ, мотивациско писмо и подготовка на интервју за работа. Од Здружението велат целта е поттикнување на младите од Могила да се активираат и да дознаат кои можности им стојат на располагање за нивна доедукација и вклучување на пазарот на трудот, за нивно вработување и самовработување.

Градоначалникот на Могила пак вели, имаме среќа што сè уште имаме млади луѓе во нашата општина, стоиме зад секоја нивна иницијатива и замисла и им нудиме можност истите заедно да ги спроведеме. Општината ги поддржува сите културни, забавни и спортски настани организирани од младите и во најскоро време планира отворање на младински културен центар по пример на големите градови. Во овој проект учество зедоа средношколци од Битола и Могила, кои имаа можност да ги подобрат своите вештини и компетенции, да се надградат и мотивираат и да останат и работат во својата држава.

 

Александра Максимовска