Здравство

Неопходни се реформи во здравството, преоритет да се даде на стручниот дел

25.03.2023 15:51

Колку вложуваме во примарното здравство, случајот во битолската болница го отвори прашањето на блискоста на матичните лекари со пациентите? од Здружението велат, се зголемува администрацијата, треба да се инвестира во струката...

На пациентите им треба лекарска помош, но и на здравствениот систем. Матичните лекари, кои се на првата линија во овој сектор велат, секој ден гледаме случаи кои укажуваат дека се потребни итни реформи. Доктор Чолакова – Дервошива вели, мора да има ургентни центри во сите градови, брзо да се реагира, да се постави дијагноза, не може административните работи да бидат побитни од човечките животи.

Секој матичен лекар е обучен до некое ниво да пружи прва помош на својот пациент, но некогаш е потребна итна лабораторија, итна дијагностика, итен компјутер, што би требало да се достапни со 24 часовните упати, кои често се недостапни, вели доктор Ѓорѓиевски.

Немањето доволно кадар на секундарно и терцијарно ниво се една од причините што пациентите со месеци скитаат низ здравствените установи. Надлежните мора сериозно да ја разберат ситуација и да ги решат напластените проблеми, велат нашите соговорници.

 

Наташа Јанчиќ Менковски