Регион

Протест во Приштина, поради договорот во Охрид

25.03.2023 19:34

Пред владината зграда ги заменија косовските со бели знамиња алудирајќи на предавство...

Членовите на социјалдемократската партија во Приштина протестираа против договорот меѓу Косово и Србија постигнат во Охрид.

Пред владината зграда ги заменија косовските со бели знамиња алудирајќи на предавство. Според лидерот на вонпарламентарната партија, Дардан Моличај, договорот е темна страница поради капитулацијата на владата на Албин Курти со создавањето заедница на српски општини на Косово.