Битола
Приведен крадец во Битола, одземеното вратено на сопствениците
25.03.2023 19:43
Тој се сомничи за извршени две тешки кражби во викендички во битолско од каде биле одземени предмети...

На 25.03.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода М.К.(32) од Битола.
Тој се сомничи за извршени две тешки кражби во викендички во битолско од каде биле одземени предмети, кои се пронајдени и вратени на сопствениците, а по документирање на настанот против сторителот ќе следува соодветна пријава.
