Македонија ќе го одбележи 9-ти мај со повеќе настани и манифестации
Ќе се организираат неколку предавања, а ќе се финишира со свечена Академија...

Со низа настани и манифестации Македонија ќе го одбележи 9-ти мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Првиот училишен час учениците во основните и средните училишта ќе разговараат токму на оваа тема. Министерот за евроинтеграции Фатмир Бесими и министерот за надворешни работи, Никола Попоски ќе остварат средба со амбасадорите на Европската унија.
„Република Македонија ги почитува, ги уважува овие два големи настани, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, тие настани се базирани на вредности, вредности во коишто веруваат и за кои работат граѓаните на Република Македонија, вредностите на слобода, на напредок и на хуманизам. на овој начин Република Макеоднија дава свој придонес во меѓународното одбечежување, изјави портпаролот на Владата, Александар Ѓоргиев.
Ќе се организираат неколку предавања, а ќе се финишира со свечена Академија на која ќе се обрати претседателот Ѓорѓе Иванов.
